Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, се најде во центарот на сериозен инцидент откако опозициското движење „Крени-промени“ соопшти дека тој физички ја нападнал нивната советничка Татјана Миќиќ и ѝ го искршил носот. Инцидентот се случил за време на прошетка во белградската населба Нов Белград.
Според првичната изјава на Миќиќ за медиумите, Шапиќ ѝ пришол упатувајќи ѝ обвинувања дека стои зад протестите организирани пред неговиот дом. Кога таа се обидела да го сними со мобилен телефон, тој почнал да ја удира по раката. За да спречи поголем конфликт меѓу нејзиниот сопруг и градоначалникот, Миќиќ застанала меѓу нив, при што Шапиќ ја ударил директно во лицето. Од движењето подоцна соопштија дека кај советничката е констатирана фрактура на носната коска со дислокација и дека е задржана на болничко лекување.
Полицијата реагирала на местото на настанот, а Шапиќ останал во полициската станица до рано наутро даде изјава.
На одржаната прес-конференција, Александар Шапиќ ги демантираше овие тврдења, наведувајќи дека не ја udарил советничката, туку само ја одгурнал за да се заштити од физички напад од страна на нејзиниот сопруг. Тој истакна дека нема намера да поднесе оставка ниту да ѝ се извини на Миќиќ, но упати јавно извинување до претседателот Александар Вучиќ и Српската напредна партија (СНС) за тоа што веднаш не се оддалечил од местото за да ја избегне провокацијата.
Извор: N1