Француски државјанин уапсен на албанската граница: Во куфер криел жена од Тајланд

Албанската полиција на граничниот премин Муриќан уапси француски државјанин откако во куфер на задното седиште од неговото возило била пронајдена скриена жена од Тајланд.

Албанските погранични власти на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, приведоа француски државјанин осомничен за обид за нелегален транспорт на лице.

При рутинска контрола на возилото, полициските службеници откриле дека во патнички куфер на задното седиште била скриена жена.

Жената била скриена во куфер на задното седиште

Според полициското соопштение, уапсен е 26-годишниот Том Хаак, француски државјанин.

„При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја изнесе од територијата на Република Албанија“, се наведува во соопштението.

Крајна дестинација била Франција

Истрагата покажала дека крајната дестинација на возилото била Франција, каде што жената требало да пристигне без законски процедури.

Според досегашните информации, планот бил границите да бидат поминати преку територијата на Црна Гора, а потоа и преку Хрватска.

Албанската полиција потврди дека двајцата учесници во инцидентот во моментов се наоѓаат во притвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс