Активни два пожара во Македонија, шест се изгаснати до 13 часот

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани девет пожари на отворен простор. Активни се два пожара, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати.
Фото: ЦУК

До 13:00 часот денеска, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Старо Нагоричане, над ресторанот „Баба Цана“, каде гори ниска вегетација и стрниште, како и во Општина Свети Николе, помеѓу селата Црнилиште и Сарамзалино, покрај патот Велес–Штип, каде се зафатени ниска вегетација, сува трева и лозје.

Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гореле ниска вегетација, сува трева и лисна постилка.

Во меѓувреме, целосно се изгаснати шест пожари:

  • во Струмица, на улицата „Климент Охридски“ бр. 105;
  • на две локации во Валандово – на улицата „Каме Полизов“, зад „ДИМ Комерц“, и во селото Честово;
  • во Пехчево, во месноста Чифлик кон селото Умлена;
  • во Прилеп, кај Новите градски гробишта;
  • и во Куманово, во населбата Банова Трла, каде горело ѓубре.

Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење и престој на отворено и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар, особено поради високите температури и сувото време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс