АХВ: Нема потреба од паника ако се забележи една мртва птица

АХВ апелира граѓаните да не допираат мртви птици и да ја известат надлежната служба доколку забележат поголем број пцовисани птици на исто подрачје.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира граѓаните да не создаваат непотребна загриженост доколку забележат поединечна мртва птица во урбана средина.

Реакцијата доаѓа откако граѓани пријавиле загриженост поради забележана мртва птица, вклучително и гаврани и други диви преселни птици.

Да се избегнува директен контакт

Од АХВ порачуваат граѓаните да не ги допираат, преместуваат или собираат мртвите птици.

Доколку се забележи невообичаена појава, треба да се извести надлежната служба.

„Особено внимание треба да се посвети доколку се забележат поголем број пцовисани гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период“, наведуваат од АХВ.

Агенцијата ја следи состојбата

Од АХВ велат дека континуирано ја следат состојбата и, во зависност од процената на ризикот, ги преземаат потребните мерки.

Тие мерки вклучуваат надзор, земање примероци и лабораториско испитување.

„Агенцијата континуирано ја следи состојбата и согласно со процената на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториско испитување“, соопштуваат од АХВ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс