Според УНИЦЕФ, над 1.100 деца се убиени или повредени во Украина за десет месеци

УНИЦЕФ предупредува дека бројот на детски жртви од јануари до октомври 2026 година веќе ги надминал годишните биланси во претходните три години.

Најмалку 1.144 деца биле убиени или повредени во Украина во првите десет месеци од годинава, објави „Еуромајдан прес“, повикувајќи се на УНИЦЕФ. Бројот на загинати деца веќе е за повеќе од 20 проценти повисок од вкупниот број во 2025 година. Податоците, потврдени од набљудувачката мисија на ОН за човекови права, значат дека просечно повеќе од три деца дневно биле убиени или повредени.

Руските ракетни напади и нападите со дронови ги загрозуваат децата и далеку од фронтот. Од почетокот на целосната инвазија, ОН потврдиле околу 2.000 напади врз образовни објекти, од кои приближно 270 годинава.

Претставничката на УНИЦЕФ, Луиз Вотериџ, предупреди и на последиците од нападите врз енергетската инфраструктура. Прекините во снабдувањето со струја, греење и вода дополнително го отежнуваат животот на семејствата пред зимата.


Додека светот разговара за условите за мир, децата во Украина учат да го препознаваат звукот на дроновите. Нивната безбедност мора да биде меѓу првите обврски на секој мировен договор, заедно со утврдувањето одговорност за нападите врз цивилите. На преживеаните деца ќе им бидат потребни години поддршка, безбедни училишта и домови во кои ќе можат да заспијат без страв.

е-Трн да боцка во твојот инбокс