Хакерската група украла податоци за Виза, Мастеркард и профилите на корисниците во банката преку трета страна и ги објави на „дарк-веб“, откако групата им дала на компаниите 48 часа за да платат откуп.
Компаниите потврдија дека сајбер нападот се случил, но ги уверија клиентите дека не биле украдени финансиски податоци.
„Дознавме дека трети страни кои даваат услуги на фирмата биле цел на сајбер напад. Нашата истрага покажа дека напаѓачите пристапиле само до одредени податоци за маркетинг цели, што вклучува имиња и емаил адреси“ велат од JPMorgan Chase.
Од банката додаваат дека нивните сервиси не биле погодени и дека инцидетот не е поврзан со техничките проблеми што банката ги имаше минатата недела, кога покрај JPMorgan Chase беа погодени и United Airlines како и американската Национална безбедносна агенција НСА.
Хакерската група n0n ја презедее одговорноста за овој нападот на добавувачот на JPMorgan Chase и ги објави документите за да потврди дека навистина упаднале во системот. Пред да ги објават податоците тие побарале откуп од фирмите.
Според фирмите за сајбер безбедност хакерската група потекнува од Русија и се појави во јавноста во септември оваа година. Тие тврдат дека хакирале околу 200 компании низ светот.
Од Виза за „Euronews“ изјавиле дека се свесни за тврдењата за нападот и дека тој е поврзан со добавувач од Азија. Тие потенцираат дека нивните системи не се загрозени и дека финансиски податоци од нивните клиенти не се исложени на ризик. Сличен одговор имале и од Мастеркард.
