Светот потфрли во борбата против климатските промени: Научниците предлагаат како температурите повторно да се намалат

Границата од 1,5 Целзиусови степени, со години главна цел на глобалната климатска политика, речиси сигурно ќе биде надмината. Додека државите на климатската конференција КОП31 се обидуваат да се договорат за следните чекори, научниците предупредуваат дека враќањето на температурите под оваа граница ќе бара драстично намалување на емисиите и отстранување на јаглеродот од атмосферата.
климатстски промени

Со години, целта да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени беше водилка во борбата против климатските промени. Тоа е границата што државите се обврзаа да ја почитуваат за да ги избегнат најтешките последици од затоплувањето на планетата. Но на годинашната глобална климатска конференција, прва откако Обединетите нации објавија дека надминувањето на прагот од 1,5 степени е неизбежно, се чини дека државите сè уште немаат заеднички одговор на ова предупредување.

Светот веќе се загреал за околу 1,4 Целзиусови степени во однос на прединдустрискиот период, а ОН во септември соопштија дека надминувањето на границата од 1,5 степени, најамбициозната цел на Парискиот договор, е непосредно и неизбежно. Сепак, на конференцијата КОП31 во Турција, каде што преговорите се на половина пат, некои држави и понатаму цврсто се држат до оваа цел, особено оние што се на првата линија на климатската криза.

Светот ќе се загрее над 1,5 степени

Претседателот на Палау, Суренгел Випс Помладиот, чија островска држава во Пацификот е загрозена од порастот на нивото на морето, порача дека 1,5 степени не се „апстрактна цел“. „Тоа е егзистенцијална закана за нашата храна, нашите економии и нашиот суверенитет“, им порача тој на светските лидери во Анталија.

Некои земји сакаат конечниот договор на КОП31 да потврди дека границата од 1,5 степени и понатаму е „вистинската цел“. Ова е наведено во резимето на преговарачките позиции што го објави Австралија, која претседава со преговорите.

Се предлага и формулација дека светот треба да се врати на затоплување од 1,5 степени „што е можно поскоро“, како и дека глобалните температури „сè уште можат“ да се намалат откако ќе биде надминат овој праг.

Зад затворени врати, дел од преговарачите се скептични, но не сакаат да се откажат од целта што се смета за клучна за поттикнување на најбрзото можно намалување на емисиите на стакленички гасови што ја загреваат планетата.

Чекор назад во климатската политика

Други држави, пак, ја гледаат можноста да ја отфрлат целта од 1,5 степени, изјавиле за Франс прес неколку набљудувачи на климатските преговори, кои се водат зад затворени врати. Меѓу нив се Арапската група и Групата на земји во развој со слични ставови (ЛМДЦ), во која членуваат и Саудиска Арабија и Индија.

Висок претставник на една западна земја предупредил на „потенцијално назадување“ во климатските активности доколку овие напори успеат на КОП31.

Џаспер Инвентор, шеф на делегацијата на Гринпис во Анталија, изјавил дека некои земји во развој стравуваат оти посилното инсистирање на целта од 1,5 степени може да значи и поголем притисок за намалување на емисиите, без дополнителна финансиска поддршка. Меѓу приоритетите што државите ги објавија во четвртокот се најде и барањето да се отфрли таканаречената „сива литература“. Ова индиректно се толкува како можен удар врз Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).

Во септември УНЕП ја објави првата студија од ваков вид за сценаријата на надминување на климатските граници. Во неа се истражува како светот би можел повторно да го намали глобалното затоплување на 1,5 степени до 2100 година, откако еднаш ќе го надмине тој праг.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој цела деценија на функцијата ја помина обидувајќи се да ги обедини државите околу целта од 1,5 степени, порача дека секое надминување мора да биде „што е можно помало и да трае што е можно пократко“.

„Исклучително амбициозна“ цел

Со Парискиот договор, речиси 200 држави се согласија да го задржат глобалното затоплување „значително под“ два Целзиусови степени, истовремено вложувајќи напори тоа да се ограничи на 1,5 степени.

Но, како што со текот на годините се зголемуваа научните докази за последиците од климатските промени, пониската граница стануваше сè поважна.


Над 1,5 степени, предупредуваат научниците, ризиците од глобалното затоплување нагло се зголемуваат. Тоа подразбира поразорни поплави и топлотни бранови, но и неповратни промени на планетата, како трајно исчезнување на коралните гребени. Сепак, идејата дека затоплувањето може да се запре и повторно да се врати на 1,5 степени е неизвесна, вели Пјер Фридлингштајн, климатолог од Универзитетот во Ексетер и главен автор на референтната студија „Глобален јаглеро

е-Трн да боцка во твојот инбокс