Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус, има нова партнерка. На 65-годишна возраст, тој е во врска со 27-годишната Тереза Зомер. Двојката деновиве привлече внимание на традиционалниот пивски фестивал Октоберфест во Минхен, каде што се појави во баварска народна носија. Ова е нова љубовна врска за Матеус по петнаесет години и пет претходни бракови, а неговата избраничка е помлада и од дел од неговите деца.
Матеус и Зомер се појавија видно расположени во шаторите во Минхен. Поранешниот капитен на германската репрезентација носеше традиционален елек и кошула, додека неговата партнерка беше облечена во баварски дирндл фустан.
🚨 𝗡𝗘𝗪: Germany legend Lothar Matthäus, 65, was spotted partying at Oktoberfest with his 27-year-old girlfriend Theresa Sommer.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) September 22, 2026
Sommer is 38 years younger than Matthäus and is even younger than BOTH of his daughters.
Matthäus has already been married FIVE times, but insists… pic.twitter.com/dyBIdONYDX
Ова не е нивно прво појавување во јавноста. Според медиумските извештаи, врската трае околу година и пол. Заедно првпат беа забележани и фотографирани во април 2025 година, за време на зимски одмор во Австрија.
Тереза Зомер работи како модел, но зад себе има и академско образование. Таа завршила студии по економија и менаџмент во Лондон, а потоа се насочила кон психологијата.
На социјалните мрежи, каде што повремено објавува фотографии од патувања и секојдневниот живот, веќе привлекува илјадници нови следачи откако нејзиниот идентитет стана познат на пошироката јавност.
За Лотар Матеус, врските со значително помлади партнерки не се новост, но оваа поставува нов личен рекорд со разлика од 38 години. Неговата партнерка е помлада дури и од неговите две ќерки од првиот брак, како и од еден од неговите синови.
Матеус зад себе има пет брака и четири деца со три различни жени. Прво беше во брак со Силвија, потоа со Лолита Морена, па со српската модна дизајнерка Маријана Матеус, по што следуваа браковите со Кристина Лилијана и Анастасија Климко, која беше помлада од него 27 години. Разводот со Анастасија беше финализиран во 2021 година, по што легендарниот спортист влезе во мирна фаза, сè до средбата со Тереза.