50 посто пониски билети за студентите во сите Национални установи

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска потпиша меморандум со претседателот на студентското собрание при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – Александар Николовски.

Меморандумот ќе придонесе за зголемување на присуството на студентите во културната сфера во нашата држава.

„Со Меморанудум е уреден студентски попуст од 50 проценти на влезниците за сите студенти кои што имаат индекс со заверен семестар за влез и следење на програмите на националните установи од областа на културата“,  рече министерката за култура во изјавата за медиумите.

Оваа иницијатива им овозможува на студентите да го истражуваат културното богатство на земјата, да бидат дел од различни настани и да ги прошират своите хоризонти и видици.

Културата има моќ да отвори нови хоризонти и погледи, и со оваа иницијатива се создадава подобра културна заедница.

Идејата за потпишување на овој меморандум е со цел да ги насочи младите кон квалитетни содржини и како правилно да го искористат своето слободно време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни