149 луѓе заробени на вулкан во Камчатка: Туристите ќе бидат евакуирани со хеликоптери

149 луѓе се заробени на вулканот Толбачик на Камчатка откако невреме го уништи патот. 117 туристи ќе бидат евакуирани со хеликоптери.

Дури 149 луѓе останале заробени на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невремето го уништило патот до туристичката маршрута. Локалните власти соопштија дека меѓу заглавените има 117 туристи, кои ќе бидат евакуирани со хеликоптери. Преостанатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на местото.

Според информациите, туристите и нивните водичи ќе бидат пренесени со хеликоптери до селото Есо, од каде што со автобуси ќе продолжат кон Петропавловск-Камчатски. Патот бил уништен во невремето, поради што групата не можела да го напушти туристичкиот дел од вулканот по копнен пат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс