12 возрасни и две деца повредени во несреќата со трамвај во Белград

Според досегашната дијагностика, три лица се тешко повредени – при несреќата се здобиле со контузии и фрактури

Дванаесет возрасни лица и две деца се повредени при излетување на трамвај од шините на улицата Душанова во Белград, потврди порталот Н1.

Од нив, 11 се пренесени во Ургентниот центар, едно лице во Клиничката болница „Звездара“. Меѓу повредените има и деца – две се пренесени во болницата „Тиршова“, според Одделот за итни случаи.

Според досегашната дијагностика, три лица се тешко повредени – се здобиле со контузии и фрактури.

Излетувањето на трамвајот од шините се случи утрово околу 9:30 часот.

Причина за излетувањето од шините е проблем со склопката , изјави за Н1 Иван Банковиќ, сообраќаен инженер и претседател на Синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Центар“

е-Трн да боцка во твојот инбокс