Воспитувањето деца во дигиталната ера не е лесно. Може да биде тешко да се остане во чекор со темпото на новите технологии и да знаете како да ги балансирате ризиците и можностите што доаѓаат со нив. Експертот за дигитално родителство, д-р Жаклин Неси ги открива нејзините врвни совети за поттикнување здрав однос со технологијата во семејство.
Од рана возраст и со редовни разговори истражувајте ја улогата на технологијата во животот на вашето семејство.
Поставувајте му прашања на вашето дете за дигиталните уреди кои ги користи на ист начин како и секоја друга активност со која се занимава. Откријте што му се допаѓа кај нив, што не му се допаѓа, колку често ги користи и како работи со нив.
Разговарајте со вашето дете за ризиците од употребата на технологијата. Разговарајте искрено со вашите деца за она што ве загрижува, за тоа како уредите можат да бидат пречка за други активности што ги имаат но и за содржините што можат да ги видат на интернет. Важно е на децата да им ја кажеме реалноста и потребата да ви се обратат вам ако наидат на проблеми на интернет.
Може да им го кажете тоа со овие зборови: „Понекогаш може да биде тешко да знаеш како да се справиш со секоја ситуација онлајн. Ако некогаш наидеш на нешто збунувачко или вознемирувачко, дојди кај мене и заедно ќе најдеме решение“.
Важно е и како реагираме кога децата ќе ни кажат за проблемите. Како родители, можеме да бидеме изненадени или исплашени од тоа што го сретнале на интернет. Потребно е веднаш да им кажеме што згрешиле или да го одземеме уредот, но добар првичен одговор е: „Ти благодарам што ми кажа“. Ова ја зголемува веројатноста дека ќе ни се обратат и следниот пат кога ќе наидат на проблем.
Внимавајте на суштинските проблеми. Важно е се да не ја обвинувате технологијата. Понекогаш се случуваат други работи кои влијаат на начинот на кој децата ги користат своите уреди. На пример, ако имате тинејџер кој поминува прекумерно време на социјалните мрежи, можеби потребно е да започнете разговор за тоа што навистина се случува. Тоа може да биде поврзано со нивните грижи за тоа што другите луѓе мислат за нив, или можеби не се чувствуваат сигурни во училиште или со своите врсници.

Поставете граници соодветни за вашето семејство и децата
Создадете ,,да’’ и ,,не’’ правила. Правилата „Да“ ги претставуваат работите што вашето дете треба да ги прави. Како сакате да дејствуваат онлајн? Што значи да се биде добар дигитален граѓанин? Како изгледа употребата на „здрава“ технологија во вашето семејство? Правилата „не“, од друга страна, се работи што не сакате да ги прават (како малтретирање други) или работи што не треба да ги прават од безбедносни причини на интернет (како давање лични информации).
Разговарајте со вашите деца за фактот дека може да се случат грешки и дека е во ред што тие сè уште учат и практикуваат добро дигитално граѓанство. За некои семејства, може да биде корисно да му дадете до знаење на вашето дете дека нема да биде „во неволја“ ако дојде кај вас да разговара за какви било предизвици што ги има.
Создајте места во домот каде нема да се користи технологија. Границата што можете да ја создадете како семејство е да имате периоди од денот или локации на кои нема да користите технологија. Можете исто така да создадете место или „станица“ каде што ги чувате вашите уреди во времето што ќе го определите да биде без технологија. Една корисна практика е да се осигурате дека уредите се надвор од спалната соба во одредени периоди од ноќта. Спиењето е супер важно, а уредите можат да го попречат тоа.

Контролирајте ја содржината што ја гледаат вашите деца онлајн. Важно е да се уверите дека содржината на интернет до која имаат пристап вашите деца е соодветна за возраста и развојот. Помладите деца и тинејџерите, нека побараат дозвола од вас пред да преземат нови апликации или да се приклучат на некоја нова платформа. Може да размислите и за користење родителски контроли што ви се достапни како што се ограничувањата на времето поминато на екранот, купувањата во апликација, филтрирањето содржина итн.
Имајте увид во тоа како вашите деца ги користат технолошките уреди
Заедно истражете ја технологијата. Обидете се понекогаш да гледате и да ја користите технологијата заедно со децата. Ова може да вклучува гледање шоу заедно и разговор со нив за тоа. За постаро дете, нека ви покажат што прават на интернет – што ги интересира, какви апликации сакаат да користат итн.
Направете чекор назад кога е потребно. Во некои случаи, можеби ќе сакате да следите што прави вашето дете на својот уред – но потребно е да му кажете дека тоа ќе го правите однапред. Ова е особено важно за помалите деца или оние кои штотуку почнуваат со нов уред (како телефон) за прв пат. Како што децата стареат и имаат повеќе искуство со нивните уреди, можете да им дадете поголема независност соодветна на возраста и фазата. Сепак, секогаш е важно да се бидат генерално свесни за она што го прават на интернет.
Создајте здрави навики кои вашите деца ќе ги следат
Работете тимски. Важно е како родители да бидете свесни за тоа како (и колку често) ни ги користиме нашите сопствени уреди – и тоа е тешко! Но, здружувањето со вашите деца во воспоставувањето здрави навики и граници е добра можност да излезете надвор од динамиката „јас наспроти тебе“ во која честопати родителите запаѓаат со своите деца, и наместо тоа да работат на создавање динамика „ние заедно наспроти предизвиците“.

Откријте ја забавната страна на технологијата. Има толку многу начини да се користи технологијата за да се олеснат можностите за игра и забава со вашите деца. Тоа може да биде користење на апликација или играње игра заедно. Можете исто така да барате видеа за идеи за игри или да истражувате хобија и интереси – се што сакате, од готвење до спорт и музика.
Извор: https://www.unicef.org/parenting/child-care/healthy-digital-habits