Франшизата „Call of Duty“ станува побогата со уште еден нов лик. Љубителите на оваа игра ќе имаат поглем избор од кој еден е ѕвездата од „Tomb Raider“, Лара Крофт.
Лара ќе се појави во „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи им се на останатите ликови од реалниот живот како Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, ликови од Prime Video шоуто „The Boys“ и други.
Activision не откри детали за тоа како играчите ќе можат да ја добијат Лара, но најверојатно ќе треба да платат за некој од пакетите во кои ќе го има ликот на Лара. Праксата покажа дека Минаж стана достапна како дел од сезонскиот борбен пакет кој чинеше 10 долари. Исто така, се очекува да се продаваат предмети и оружје поврзани со Лара Крофт.

Меѓу другото, издавачот не прецизираше од кога Лара ќе биде достапна како херој во игрицата која од година во година е се популарна. За сега едно е познато а тоа е дека доаѓа надградба за четвртата сезоната, па се чини дека таа ќе биде ново освежување како нов лик.
За потсетување, игрицата „Call of Duty: Modern Warfare III“ пристигнува на конзолите во ноември, додека последната игрица за Лара Крофт беше „Shadow of the Tomb Raider“ од 2018 година. Во декември, Crystal Dynamics го најави доаѓањето на новата игрица, која ќе биде „авантура за еден играч“. Од друга страна пак Amazon подготвува и ТВ серија „Tomb Raider“.
Извор: klix.ba