„Златниот сооднос“ пресече: Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот

Фото: Gage Skidmore/Flickr

Актерката Ања Тејлор-Џој е најубавата позната личност на светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон.

До тој заклучок дошол користејќи компјутерско мапирање на лицата, позната метода во пластичната хирургија. Таа метода се темели на „златиот сооднос“, познат и како „божествен сооднос“.

„Се покажа дека таа има најдобри отчитувања за положбата на очите со резултат од 98,9 отсто, што е само 1,1 отсто од совршениот облик“ објаси Де Силва за Дејли Мејл.

Ања исто така имала и најдобар резултат за веќите, а била во врвот во речиси сите категории, освен за усните.

Второто место на листата на најубави жени според зланиот сооднос ѝ припаднало на Зендаја, додека на третото место е Бела Хадид. Четврта е Маргот Роби, а петта јужнокорејската актерка Сонг Хји-кјо. Потоа следуваат Бијонсе, Тејлор Свифт, Жанг Зији, Алиа Бат и Назанин Бониади.

Де Силва со години ја користи оваа метода на лицата на славните личности.

„Овие нови техники на компјутерско мапирање ни овзможуваат да решиме некои мистерии околу тоа што ги прави луѓето физички убави. Таа технологија е корисна и за планирање на операциите на пациентите“ објасни тој.

Ања Тејлор-Џој е родена во Мајами, но израснала во Буено Аирес и Лондон. На 16 години го напуштила образованието за да се посвети на актерската кариера. По низата мали телевизиски улоги, славата ја стекна со главната улога во хорор филмот „Вештерката“ во 2015 година.

Потоа глумеше и во хоророт „Split“, во продолжението „Glass“, црната комедија „Thoroughbreds“ и во телевизиската драмска серија „Peaky Blinders“. За улогата на Ема Вудхаус во драмата „Emma“, Тејлор-Џој ја доби својата прва номинација за Златен Глобус.

„Никогаш не сум се сметала за убава, а мислам дека и никогаш нема. Мислам дека не сум доволно убава за да бидам во филмови. Звучи патетично и дечкото ме предупреди дека луѓето ќе мислат дека сум идиот што го кажувам тоа, но едноставно мислам дека чудно изгледам“ рече Тејлор-Џој во едно интервју за Сан.

Во детстовот се соочувала со булинг од нејзините врсници, бидејќи на 8 години со родителите се преселила од Аргентина во Лондон и не го знаела јазикот.

„Аргентина е целата зелена и секаде имаше коњи и животни. Одеднаш се најдов во голем град и не го знаев јазикот“ се сеќава таа.

Актерката додава дека се чувствувала дека не може да се вклопи и дека останатите деца не ја разбирале.

„Знаеја да ме заклучуваат во школските ормари. Многу време поминав плачејќи во школските тоалети. Бев многу осамена како дете“ опишува таа.

Во актерскиот свет ѝ помогнало тоа што има фотографско помнење, па не морала со часови да го чита сценаријата, бидејќи ѝ било доволно само еднаш да го направи тоа.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс