Жесток телефонски судир меѓу Трамп и Нетанјаху околу Иран: различни планови за крај на конфликтот

Според медиумски извештаи, и влегле во остар телефонски судир околу стратегијата за Иран и можниот мировен договор.

Американскиот претседател и израелскиот премиер имале напнат телефонски разговор во кој се судриле околу идните чекори во однос на, пренесуваат меѓународни медиуми.

Според извештаи на „Axios“ и „Wall Street Journal“, причина за несогласувањето е нов предлог за завршување на конфликтот, кој бил доставен од посредници како и, со цел приближување на ставовите меѓу Вашингтон и Техеран.

Нетанјаху наводно бил незадоволен од насоката на преговорите и инсистирал на продолжување на воените операции против Иран, додека Трамп се залагал за брзо дипломатско решение и потенцијално прогласување на победа.

Американскиот претседател подоцна изјавил дека преговорите се во чувствителна фаза и дека САД можат или да постигнат договор или да преземат „понепријатни мерки“. И покрај тензиите, Трамп го опиша Нетанјаху како „многу добар човек“ и порача дека очекува соработка во наредниот период, додека идниот развој на ситуацијата околу Иран останува неизвесен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс