Панел дискусија „Придонесот на жените во здравството“ во организација на „HealthHub“ и Канцеларијата на Претседателот Пендаровски

Жени кои поставија нови стандарди во медицната во земјава и ги срушија родовите стереотипи во здравството

Во организација на Health Hub и Канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски, се одржа панел дискусија за улогата на жените лидерки во медицината кои со својот секојдневен придонес го  унапредуваат не само здравјето на жената, туку и севкупниот здравствен систем. 

На дебатата говореа шест исклучителни жени кои својата кариера ја градат во медицината и со нивната активност секојдневно ги поместуваат границите, како во медицината така и во општеството. Др Калина Гривчева Старделова, др Маја Мојосва Мијсова, Др Елена Шукарова-Ангеловска, др Александра Грозданова, др Марија  Вавлукис и др Мерал Реџепи со нивната работа поставија нови стандарди во медицната и се пример за идните генерации жени лидерки во јавното здравство. Тие се залагаат за иницијативи за решавање на родовите разлики во медицинските истражувања, менторството и лидерските позиции. Токму нивната активност во полето на имунизацијата, трансплантацијата, кардиологијата, гинекологијата и генетиката, покажаа огромен успех и поместувања какви до сега не се постигнати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни