„Германско-македонски училиштен речник“ е новото издание на „Арс Ламина“, подготвено од авторскиот тим д-р Валентина Илиева, м-р Кристина Крстевска, м-р Симона Монавчева и д-р Николче Шулевски.
Речникот е наменет првенствено за учениците во основното и средното образование, а може да им послужи и на сите што самостојно го изучуваат германскиот јазик. Преводите на македонски помагаат во разбирањето на значењето на германските зборови, при читање, изработка на домашни задачи и усвојување нов вокабулар.
Познавањето на германскиот јазик отвора можности за образование и професионален развој, особено за оние што размислуваат за студирање во Германија, Австрија или Швајцарија. Тој овозможува и поблиско запознавање со книжевноста, музиката и научната традиција на германското говорно подрачје.
Дел од таа традиција се делата на Гете, Кафка и Шилер, музиката на Моцарт, Бах и Бетовен, како и научниот придонес на Алберт Ајнштајн. За учениците и за читателите што сакаат да ги откриваат овие содржини на германски, речникот може да биде практична помош во учењето.
„Германско-македонски училиштен речник“ е достапен во сите поголеми книжарници и онлајн преку literatura.mk.
