Земјотрес од 4 степени ја потресе Албанија, вибрации почувствувани и во Струга

Потресот бил регистриран утрово со епицентар на територија на Албанија, а според сеизмолозите бил почувствуван со интензитет од три степени во Струга и околните населени места.

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Албанија, а потресот бил почувствуван и во делови од Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 7:52 часот, со епицентар на територијата на Албанија, на околу 144 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните сеизмолошки податоци, потресот бил почувствуван во Струга и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Надлежните институции продолжуваат со следење на сеизмичката активност во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс