Земјотресите на Санторини го подигнаа нивото на лава, постои можност за создавање нов вулкан

Некои сеизмолошки теории тврдат дека земјотресите на Санторини се предизвикани од подигнување на нивото на лавата од длабочината кон земјината површина и дека постои можност за создавање на многу силен земјотрес или нов вулкан.

Околу 9.000 луѓе го напуштиле Санторини со траекти и авиони за да се засолнат на безбедно. Во последните неколку дена биле регистрирани стотици земјотреси на секои неколку минути, поради што властите одлучиле да ги затворат училиштата до петок. Атинскиот геодинамички институт забележал земјотрес од 4,9 степени, а сеизмолозите проценуваат дека интензивната сеизмичка активност може да трае денови или дури недели.

Некои сеизмолошки теории тврдат дека земјотресите на Санторини се предизвикани од подигнување на нивото на лавата од длабочината кон земјината површина и дека постои можност за создавање на многу силен земјотрес или нов вулкан.

Од 1 февруари биле забележани повеќе од 60 земјотреси со јачина поголема од 4 степени Рихтерова скала и ваквата ситуација може да доведе до големи финансиски загуби поради загрозувањето на туристичката сезона.

Колку е сериозна ситуацијата говори и фактот што се размислува за евакуација на целото население, за што ќе се одлучува денес на состанок на кризниот штаб. Ниту експертите, ниту сеизмолозите повеќе не можат да предвидат и објаснат што се случува на Санторини и Андрос, бидејќи се работи за појави кои никогаш не ги виделе во својата практика, кога земјотресите се повторуваат речиси на секои пет минути.

Во случај на нови земјотреси, се очекува можност и за цунами, но не толку разорен како оној од 1956 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни