Зеленски тајно пристигна во Берлин на средба со Мерц

Украинскиот претседател во германската престолнина ќе разговара за воената и финансиската поддршка, обновата на Украина и враќањето на бегалците.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигнува во Берлин на разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц, а посетата до последен момент била чувана во тајност поради безбедносни причини. Според германската влада, станува збор за први официјални германско-украински владини консултации по неколку години, при што Зеленски во германската престолнина ќе допатува со неколку министри.

Се очекува на средбите да се разговара за финансиската и воената поддршка за Украина, за напорите за обнова на земјата, како и за прашањето за враќање на украинските бегалци. Германски и украински претставници треба да потпишат и неколку договори, а по разговорите е најавена и заедничка прес-конференција на Мерц и Зеленски.

Посетата доаѓа во период кога Берлин останува најголемиот европски обезбедувач на воена помош за Украина. Германија досега ѝ има доделено околу 55 милијарди евра поддршка од почетокот на руската инвазија во 2022 година, а само за 2026 година се предвидени уште 11,5 милијарди евра помош.

Средбата во Берлин има и поширок политички контекст. Германската влада ден претходно изрази надеж дека по изборниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија ќе може побрзо да се деблокира и европската помош за Украина, вклучително и заемот од 90 милијарди евра што досега беше кочен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни