Заштитете се од непотребни трошоци, штедејќи електрична енергија на едноставен начин

Со мали промени во некои навики можете да добиете драстична разлика на сметката за електрична енергија, а во тоа веќе се уверија бројни граѓани кои ги почитуваат ваквите правила. Според експертите и за неколку пати може да се намалат месечните трошоци кога се работи за овие едноставни, но функционални трикови.

Со мали промени во некои навики можете да добиете драстична разлика на сметката за електрична енергија, а во тоа веќе се уверија бројни граѓани кои ги почитуваат ваквите правила. Според експертите и за неколку пати може да се намалат месечните трошоци кога се работи за овие едноставни, но функционални трикови.

Постојат низа мерки кои се препорачуваат, а кои ние како граѓани можеме да ги реализираме:

Доколку станбениот простор е лошо изолиран, доаѓа до голема потрошувачка на електрична енергија. Затоа е важно да се спречи загубата на енергија со добра столарија, односно квалитетни прозорци и врати.

Одделете го просторот во кој престојувате од оној кој никој не го користи, односно не ги затоплувајте ходникот и скалите, бидејќи тоа води до голема потрошувачка на електрична енергија. Затворете ги вратите кон ходниците и другите простории, а доколку сте пушач тоа правете го на балкон, како не би имале потреба од проветрувања и губење на топлината.

Поставете рефлектирачка фолија зад радијаторот како би ја насочиле топлината кон просторот, а не кон надворешните ѕидови.

Во зима одржувајте ја топлината во домот на 20 степени во текот на денот, а во ноќните часови на 18.

Кога перете алишта или садови користете ладна вода и секако полнете ја машината до крај, односно не оставајте многу празен простор. На тој начин не само што ќе заштедите на електрична енергија туку ќе бидете и попродуктивни.

Кога и да готвите правете го тоа во садови со капак и големина на ринглата. На тој начин можете да заштедите и до 10 проценти енергија.

Користете квалитетни ЛЕД светилки, бидејќи траат мнoгу подолго од оние традиционалните. Разликата е во тоа што ЛЕД светилките можат да се користат и до 10.000 часови наспроти другите чиј век на траење е околу 1.000 часа, а и потрошувачката им е неколку пати поголема.

Извор: kurir.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни