Телефонот може да препознае грабеж: Проверете една поставка

Андроид користи вештачка интелигенција и сензори за да препознае можно грабнување на телефонот и автоматски да го заклучи екранот. Достапноста зависи од моделот.

Ако некој ви го грабне отклучениот телефон од рака, пристапот до фотографиите, пораките и другите содржини може да остане отворен. Заштита од кражба на поддржаните телефони со Андроид овозможува автоматско заклучување кога системот ќе препознае движење што личи на грабеж.

Според документацијата на „Гугл“, функцијата комбинира вештачка интелигенција, сензори за движење, безжично поврзување и блутут. Таа може да се активира ако некој го грабне уредот и избега пеш, со велосипед или со автомобил. Препознавањето, сепак, не е загарантирано при секој обид за кражба.

Како да ја вклучите заштита од кражба

Отворете ги поставките на телефонот и изберете Google, потоа All services, па Theft protection. Во тоа мени побарајте ја опцијата Theft Detection Lock и вклучете ја.

Потребно е претходно да имате поставено заклучување на екранот. Ако опцијата е засивена, уредот не ја поддржува функцијата. Поддршката се разликува според моделот, а овие можности не се достапни на уредите со Андроид Гоу, таблетите и паметните часовници.

Во истото мени проверете ја и Offline Device Lock. Таа може да го заклучи екранот откако отклучениот телефон ќе остане без интернет и ќе продолжи да се користи кратко време. Тоа е дополнителна заштита ако некој намерно ја прекине врската.

Достапна е и Remote Lock, за далечинско заклучување со потврден телефонски број. За нејзино користење се потребни активна СИМ-картичка, вклучен Find Hub и интернет-врска. Ако телефонот е без интернет кога ќе го испратите барањето, заклучувањето се извршува кога повторно ќе се поврзе.


Овие поставки вреди да се проверат додека телефонот е кај вас. Нивната цел е да го ограничат пристапот до податоците ако уредот заврши во туѓи раце.

е-Трн да боцка во твојот инбокс