Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека над 17 000 лица ја напуштиле државава во последните 24 часа преку Граничниот преми Богородица кон соседна Грција.
Во истиот период, на истиот граничен премин, во Македонија влегле околу 16.000 лица.
Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи километарска колона во Стар Дојран.
Според информациите од МВР, на граничниот премин „Богородица“ од вчера до денес напладне во Македонија влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Во истиот период, влез во државата оствариле 10.249 странски државјани, додека 11.648 ја напуштиле земјата.
На граничниот премин „Дојран“ евидентирани се 399 влезови и 1.104 излези на македонски државјани. Кај странските државјани, во државата влегле 1.295 лица, а излегле 1.174.