YouTube најави нова промена која би можела да донесе олеснување за гледачите и креаторите на содржина, намалување на рекламите во одредени моменти од преносите во живо. Иако платформата во последните години значително ја зголеми количината и должината на рекламите, овој пат се воведува исклучок токму кај live stream содржините.
„Нема реклами кога атмосферата е најсилна“
Според новите правила, кога ангажманот на гледачите е највисок, на пример, кога има голема активност во разговорите за време на преносот, YouTube привремено ќе ги паузира рекламите. Целта е да се зачува континуитетот на преносот и „колективната атмосфера“ меѓу креаторите и публиката, без прекини од реклами.
Ова значи дека во најдинамичните моменти од live stream-от нема да се појавуваат реклами, дури и ако креаторите имаат вклучено автоматско рекламирање.
Подобро искуство за гледачите и стримерите
Промената особено се однесува на live креаторите кои често користат платформи за директна комуникација со публиката. Во пракса, тоа би значело помалку прекини во клучни моменти како реакции, настани или интеракција со публика што досега често беше нарушувано од реклам
Покрај рекламите, YouTube воведува и дополнителни новини за live преносите: можност за истовремен вертикален и хоризонтален стрим, подобра интеграција за мобилни и десктоп уреди и олеснет пристап до функции за донации (Super Chat и слично).
Корисниците кои испраќаат донации ќе добиваат и кратки периоди без реклами како дополнителен бонус.
Иако YouTube продолжува да биде силно зависен од рекламниот модел, оваа промена покажува обид за баланс помеѓу приходите и корисничкото искуство, особено во сегментот на live содржини, кој станува сè поважен. За гледачите ова може да значи помалку прекини во најинтересните моменти, а за креаторите – постабилна и поангажирана публика.