Search

WhatsApp во иднина ќе биде со претплата?

Мета со години се обидуваше да ја заработи популарноста на нивната комуникациска платформа WhatsApp, за која пред девет години платија дури 19 милиони долари. Бројот на корисници на WhatsApp постојано се зголемува и надмина 2 милијарди, а Мета сака да најде начин да го одржи толку голем раст на корисници, но и да се обиде да заработи што повеќе пари од нив.

Изминатиот период во јавноста се шират гласини дека компанијата би можела да стави поголем акцент на рекламите, а истите гласини неодамна повторно почнаа да кружат на интернет по напис објавен во Фајненшл Тајмс. Во написот се наведува дека некои тимови во Мета разговарале за поставување реклами во самите разговори. Сепак во написот се споменува и дека конечната одлука за рекламите не е донесена, а се споменува и можноста за воведување претплата на WhatsApp со која би се избегнало прикажување на реклами.

Таквите информации откако се појавија на интернет, наидоа на големи критики од корисниците кои, очигледно, не сакаат рекламите да им го расипат искуството за користење на оваа платформа.

Што се однесува до рекламите меѓу разговорите кои ги објави Фајненшл Тајмс, се чини дека барем засега ништо нема да излезе од тоа. Имено, на тој напис реагираа од самата Мета, од која истакнаа дека не само што не започнале никаков развој и тестирање на таа опција, туку и дека не планираат да го спроведат споменатиот начин на прикажување реклами меѓу разговорите.

Инаку, во моментов WA остварува приходи преку WhatsApp Business, опција наменета за деловните корисници кои им плаќаат за одредени услуги, а оваа опција веќе има околу 200 милиони месечни корисници.

Извор: reuters.com

Најново

Последни колумни