Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го прекина својот говор на предизборен собир во Бачка Паланка откако на повозрасна жена во публиката ѝ се слоши. Вучиќ се симна од говорницата, ѝ пријде додека лекарите ѝ укажуваа помош, ја фати за рака и ја бакна, а видеото од овој настан подоцна самиот го објави на социјалните мрежи.
Инцидентот се случи за време на обраќањето на српскиот претседател пред партиските симпатизери во Бачка Паланка. Кога забележа дека на една повозрасна жена во толпата ѝ се влоши здравствената состојба, Вучиќ веднаш го сопре говорот и тргна кон местото каде што веќе интервенираше медицинска екипа.
Лекарите на лице место ѝ пружија прва помош и ја подготвуваа за транспорт до соодветна здравствена установа.
Додека траеше укажувањето помош, Вучиќ се наведна над жената, ја држеше за рака и размени со неа неколку зборови. Жената потоа го бакна српскиот претседател, на што тој ѝ возврати со бакнеж пред насобраната толпа и присутните медиумски камери.
Видеото од оваа сцена беше поставено на неговиот официјален профил на Инстаграм.
„Кога на оваа прекрасна госпоѓа ѝ се слоши на собирот, врвните лекари од Бачка Паланка веднаш ѝ притрчаа на помош, а јас бев пресреќен кога сфатив дека сè ќе биде во ред. А кога ме бакна, на мојата среќа ѝ немаше крај“, напиша Вучиќ во описот на објавената видеоснимка.