Вознемирувачката слика од Google Maps стана вирална: Кому му треба помош?

Локација во Лос Анџелес на која се напишани еден куп пораки за „помош“ е забележана на Google Maps. Фотографиите од локацијата ги преплавија социјалните мрежи и загрижија многумина.

Знаците се наоѓаат во областа помеѓу реката Лос Анџелес, патот Норт Мишн и авенијата Е Цезар Е Чавез. Зборовите се напишани на земјиште што личи на складиште или отпад, во непосредна близина на железничката пруга на Union Pacific и двор за контејнери.

Додека повеќето од знаците велат „помош“, барем еден го содржи зборот „trafico“ (шверц со луѓе), што предизвикува загриженост дека знаците би можеле да бидат поврзани со луѓе кои се жртви на трговија со луѓе.

„Ги гледам и зборовите ‘trafico’, ‘federales’, ‘LAPD’ и ‘FBI’, и ова изгледа како градилиште. Ако ова е шега, тоа е со екстремно лош вкус. Звучи како некој да е жртва на трговија со луѓе и ги користи достапните материјали за да испрати порака за помош. Се надевам дека властите го забележале ова, како и минувачите“, напиша еден корисник на Редит и Твитер кој се идентификува како ЛА Гај.

„Се надевам дека ова е само некоја детска шега, но…“ рече тој загрижено. Тој се упатил кон локацијата за да провери што се случува. Тој разговараше со локалните жители кои тврдат дека знаците биле напишани од бездомници. Една жена од областа рече дека ги напишал маж по име Хозе кој е бездомник и му треба помош.

„Хозе е тој што продолжува да пишува ‘помош’. Тоа го пишува насекаде, но никој не знае зошто“, рече таа.

UNILAD контактираше со полицискиот оддел во Лос Анџелес за коментар, но не доби одговор до објавувањето на написот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс