На Волстрит продолжува негативниот тренд, индексите S&P 500 и Nasdaq паднаа трет ден по ред, додека инвеститорите стравуваат од нов раст на инфлацијата и каматните стапки во САД.
Најголем удар повторно претрпе технолошкиот сектор, кој беше двигател на растот во последните месеци. Dow Jones падна за 0,65%, S&P 500 за 0,67%, а Nasdaq за 0,84%.
Причина за загриженоста се високите цени на нафтата и растечките приноси на американските државни обврзници, што ги зголемува очекувањата дека американската централна банка би можела повторно да ги зголеми каматните стапки до крајот на годината.