Бели волци во саботата избегале од нивното живеалиште и усмртиле четири кенгури од Зоолошката градина во Скопје и неколку ему птици, пишува порталот Петс.мк.
ЗОО Скопје до овој момент се нема огласено по одно на оваа информација.
Според пишувањата на Петс.мк повикувајќи се на извори од ЗОО Скопје, белите волци наводно успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и ему птици. На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во живеалиштето.
Порталот вели и дека В.д. директорката на ЗОО Скопје Катерина Костова не одговорила на нивните повици, за да образложи како се случило белите волци да избегаат од нивното живеалиште и од кои причини тоа не било соодветно обезбедено, за да не дојде до ваков инцидент и до угинати животни и птици.