„Војната не е завршена“: Бенјамин Нетанјаху со ново предупредување за Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран продолжува и предупреди дека ситуацијата може да ескалира во секој момент.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека војната со Иран сè уште не е завршена и дека ситуацијата останува крајно неизвесна. На прес-конференција во Ерусалим, по повод посетата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, Нетанјаху нагласи дека Израел, заедно со САД, води „борба на цивилизацијата против варварството“.

Тој остро го обвини Иран дека претставува глобална закана, тврдејќи дека Техеран има амбиции да го уништи Израел, да ги ослабне САД и да го дестабилизира западниот свет.

„Постигнавме големи работи, но ова не е крајот. Во секој момент може да се случи нешто ново“, изјави Нетанјаху.

Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток и неизвесност околу можен мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран. И покрај дипломатските напори, реториката од двете страни останува остра, што дополнително ја зголемува загриженоста за потенцијална ескалација на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни