„ЈП Водовод”: Две улици во Скопје без вода од 9 часот

Прекинот на Мавровска и Багдадска улица се должи на изведување на водоводни приклучоци, засегнати се и дел од корисниците на Атинска

Скопскиот „Водовод и канализација” соопштува дека денес дел од граѓаните ќе останат без вода поради изведување на водоводни приклучоци на две локации во градот.

Корисниците на улица Мавровска 15 нема да имаат водоснабдување поради поставување на приклучок со пречник од 80 мм, додека без вода ќе останат и дел од жителите на улиците Багдадска и Атинска — поради приклучок од 100 мм на Багдадска 11.

На двете локации прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.

Претпријатието ги повикува граѓаните однапред да обезбедат доволно резерви на вода и да покажат разбирање за привремените неудобности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни