Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење

За да дојде до промена, треба да стигнат три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот.

Забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево, сѐ уште важи откако претходно Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна.

За да дојде до промена, треба да стигнат три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот за јавно здравје

Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЈП „Комуна“ – Крушево. 

Проблемите со водоснабдувањето во Крушево траат со децении и апелираат медиумите дополнително  да не го вознемируваат населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс