Забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево, сѐ уште важи откако претходно Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна.
За да дојде до промена, треба да стигнат три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот за јавно здравје
Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЈП „Комуна“ – Крушево.
Проблемите со водоснабдувањето во Крушево траат со децении и апелираат медиумите дополнително да не го вознемируваат населението.