Водата во Гостивар уште не може да се користи

„Кога хлорирањето ќе биде на задоволително ниво ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода““ порача Клековски

И покрај намалувањето на бројот на пациенти, водата од гостиварскиот водовод сè уште не смее да се користи ниту како техничка вода бидејќи последните анализи покажале недоволно ниво на резидуален хлор.

Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.

Како што објасни Клековски, да се издаде дозвола за техничка употреба, неопходно е редовните тестирања на повеќе мерни места да потврдат дека хлорирањето конечно го достигнало задоволителното и безбедно ниво.

„За водата да биде безбедна до одреден степен се гледа колку хлор има во водата, а тоа уште го нема постигнато посакуваното ниво. Се прават редовни анализи на водата на повеќе мерни места во моментов, а кога хлорирањето ќе биде на задоволително ниво ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода““ порача министерот.

Водата во Гостивар е забранета за секаква употреба откако анализите од Центарот за јавно здрваје покажа дека таа е полна со бактерии а претходно преку 3200 лица побараа медицинска помош по конзумирање на водата од градскиот водовод.

е-Трн да боцка во твојот инбокс