Најмалку пет лица загинале, а десетина се повредени, меѓу кои и полицајци, во пукање што денеска се случило во центарот на Краков, на југот на Полска, соопшти полицијата. Во соопштение објавено на платформата Икс, полицијата навела дека го ранила напаѓачот, кој потоа бил пренесен во болница, пренесува полската новинска агенција ПАП.
Според полициските информации, напаѓачот околу 15 часот почнал од автомобил да пука врз случајни минувачи на главниот градски плоштад.
„Спасувачката акција е во тек. Хеликоптер на итната медицинска помош слета на Плоштадот на пазарот“, се наведува во полициското соопштение.
