Водата во две охридски села е забранета за пиење

Испитувањата биле извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, при што во водата било утврдено присуство на бактеријата E.coli, како и колиформни бактерии

Општина Охрид попладнево информира дека водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено е забранета за пиење, затоа што лабораториските анализи покажале бактериолошка неисправност.

Испитувањата биле извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, при што во водата било утврдено присуство на бактеријата E.coli, како и колиформни бактерии.

По добиените резултати е донесено решение со кое се забранува употребата на водата од изворите за пиење.

Од Општина Охрид информираат дека месните заедници во Елшани и Велестово се задолжени на видливи места да постават предупредувања за жителите дека водата во моментов не е безбедна за пиење.

Надлежните апелираат граѓаните строго да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење сè додека новите лабораториски анализи не покажат дека таа повторно е безбедна за употреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс