На десетици локации низ државата денеска полицијата врши претреси и приведува лица поврзани со незаконското издавање на возачки дозволи.
Информацијата за акцијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи.
„МВР денеска спроведува координирана акција, којашто опфаќа претреси на повеќе локации. Станува збор за случајот, поврзан со сомнежите за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија. Акцијата е во тек, со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази, велат од Министерстовото.
Акцијата следува по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја започна минатиот месец, кога било утврдено дека вработени во управните служби за парична награда, незаконски впишувале повисоки категории во возачките дозволи на лица кои немале положено испит за управување со камиони или автобуси.
Повеќе детали од МВР и од ОЈО се очекуваат во текот на денот.