Во Сараево евакуирани трговски центри поради дојава за бомби

Во заканувачкиот е-мејл се наведува дека еден килограм експлозив е ставен во SCC, а два килограми експлозив во ТЦ Алта

По дојава за бомба во трговските центри „Алта“ и „СЦЦ“ во Сараево, полицијата е на местото на настанот, а влезот во гореспоменатите објекти е забранет, јавуваат босанските медиуми.

За потсетување, портпаролката на сараевската кантонална полиција, Мерсиха Новалиќ, претходно потврди дека полицијата презема мерки и дејствија во согласност со претходно утврдениот протокол во врска со анонимна пријава испратена на неколку адреси, во која се наведува дека „на неколку стратешки важни локации во Сараево се поставени рачно изработени експлозивни направи“ и дека ќе има крвопролевање.

Во заканувачкиот е-мејл се наведува дека еден килограм експлозив е ставен во SCC, а два килограми експлозив со далечински детонатор во ТЦ Алта, и дека оперативците чекаат команда за да ги активираат.

Исто така, меѓу другото, беше наведено дека „по акцијата, тие ќе го убијат и претседателот Денис Беќировиќ“.

„Смрт за државата, смрт за муслиманите, смрт за полицијата, смрт за претседателот на Босна, пристигнуваме денес“ стои во пораката.

Новалиќ рече дека надлежниот обвинител е информиран за сè и дека горенаведените објекти ќе бидат проверени.

„Се вршат одредени проверки, а подоцна ќе се одлучи дали објектите ќе бидат евакуирани и дали ќе има контрасаботажна инспекција. Инспекции на објектите сигурно ќе бидат извршени“ рече Новалиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни