Во ред е да останете прогресивни

pexels.com

Како студен ветар на ноемвриско утро, го чувствуваме десничарскиот бран во општествените и политички води, како во Европа па и малку преку океанот. Од постепеното вклучување на секоја земја засебно бранот се претвора во ураган кој го турка светот кон десничарските идеологии. Најверојатно на сцената фокусот  на претставата премина од колективна благосостојба кон индивидуализам и поделеност.

Европа – „лулка“ на прогресивизмот – омилена реченица од часовите по историја. Но, дали е моментално така? Некогашните познати земји како мрежи на социјална заштита и креатори на политики засновани на еднаквост и социјална правда како Шведска, Финска и Италија сега се управувани од десничари. Жива е и темата на крајна десница во Германија и Франција, состојба што навистина потсетува на студените денови од минатото.

За среќа Шпанија и Португалија останаа да бидат скоро единствените водилки на напредните идеи и не подлегнаа на замавот на конзервативизмот и национализмот во Европа. Цреша на врвот е и победата на Трамп. Неговиот претходен мандат донесе некои екстремно десничарски идеи во мејнстримот, и доста влади во светот го искористија како урнек за нивното владеење. Неговиот пристап и сега најверојатно ќе продолжи да биде кон економски протекционизам, јакнење на националистичките вредности и отфрлање на прогресивните климатски политики.

Овој краток осврт на избегнувајќи го очигледното го направив за да им укажам на младите дека и покрај сите случувања, во ред е да останете прогресивни. Да боите шарено, да барате подобри услови и правда, да се дружите со кого сакате и да сакате кого ви душа сака. Затоа што, во периоди на глобални кризи, вистинско време е да прекинеме да нормализираме затвoрањето и изолацијата, туку да поставиме нов тренд во вакви ситуации – работа на прашањата како зголемената нееднаквост, миграцијата поради конфликти и економските тешкотии. Нека не ви биде збунувачки зошто светот се врти кон лидери и политики кои затвoраат, останете фокусирани на прогресивната иднина.

Затоа што јас овој 31ви декември ќе честитам 25та, се надевам вие нема да си честитате 54та… Тоа беше одамна, а и ќе биде многу смешно да повторуваме нешто толку старо. Јас некако си сакам нови доживувања.

* Колумните се лични ставови на авторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни