Под покровителство на општина Ѓорче Петров, во недела во реонскиот парк со почеток од 12 часот ќе биде реализирана манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”.
Станува збор за фолклорна манифестација на која три години во континуитет, односно веќе традиционално во Ѓорче Петров, по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат нашето богато фолклорно наследство. Целта е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.