Во мај просечната плата изнесува 49.544 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти

Државниот завод за статисктика ја објави висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава.

Таа изнесува 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 11,3 проценти и Транспорт и складирање за 10,9 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 проценти, Рударство и вадење камен за 5,8 проценти и Транспорт и складирање за 5,7 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс