Во Кина откриен нов коронавирус

Според истражувачите, идентификуваниот вирус може да се врзе за човечкиот ензим кој конвертира ангиотензин (ACE2), истиот рецептор што го користи вирусот Sars-CoV-2 кој предизвикува ковид-19 и инфектира клетки.


Тим кинески научници открија нов коронавирус кај лилјаци со потенцијален ризик од пренос од животни на луѓе. Ризикот од неговото појавување во човечката популација не треба да се преувеличува, објави хонконшкиот весник “South China Morning Post”.

Студијата ја спровеле научници од Академијата на науки во Гуангџо, Универзитетот Вухан и Институтот за вирусологија Вухан, предводени од вирусологот Ши Џенгли во лабораторија во градот Гуангџо, во јужната кинеска провинција Гуангдонг.
Научниците го идентификувале новиот сој на вирусот HKU5 кај лилјак во Хонг Конг, член на семејството мербековируси, како вирусот што предизвикува блискоисточен респираторен синдром (MERS).
Според истражувачите, идентификуваниот вирус може да се врзе за човечкиот ензим кој конвертира ангиотензин (ACE2), истиот рецептор што го користи вирусот Sars-CoV-2 кој предизвикува ковид-19 и инфектира клетки.

Истражувачите исто така наведуваат дека “мербековирусите кај лилјаците претставуваат висок ризик од ширење на луѓето било директен пренос или преку посредни домаќини.”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни