Search

(Внимание) Студентите од Штип се новата македонска надеж?

Втората анкета на „Внимание, внимание“ е направена во Штип, каде што студенти и граѓани одговараат дали е можна подобра иднина. Гласот на граѓаните го повикуваат Дениз Абдула и Трн. Видео-анкетата се емитува секој четврток на каналите на „Трн.мк“ (на Фејсбук, YouTube и на Инстаграм).

Гледаат ли младите иднина тука, свесни ли се студентите дека тие ја носат промената? Зошто странски студенти доаѓаат да студираат во Штип? Повеќето испитаници сметаат дека иднината е во младите и дека доколку студентите се ангажираат може да ги предизвикаат позитивните промени, тука. Заминувањето надвор е опција, но повеќето млади и студенти сакаат својата иднина да ја градат тука. Дури и повозрасните испитаници рекоа дека доста е од старите, младите се тие што треба да ја оправат државата.

Најново

Последни колумни