Владата ја одреди минималната плата и таа ќе изнесува 24.300 денари. За прв пат висината на минималецот е донесена без согласност на синдикатите.
Сојузот на синдикати, се огласи веднаш и побара минималната плата биде 30. 000 денари, а додека тоа не се случи, пратениците и функционерите да земаат минималец.
Вчера во 12 часот и 5 минути Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) пред зградата на Собранието ја почна, како што ја нарече, јавната седница на која учествуваа членови на раководните синдикални тела. Причина е несогласувањето со Владата за зголемувањето на минималната плата. Пораката е порака, “Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“.
Ова велат од Синдикатот е прв пат во историјата на државата да се носи одлука без согласност на синдикат што е противзаконски. Побараа од пратениците и функционерите да земаат минимална плата се до нејзиното наредно зголемување.
„Спречете ја незаконската одлука за утврдување на висината за минималната плата, намалете си ги вашите плати на минимална плата, па да почувствувате макар и една година колку им е тешко на работниците. Не ве биравме да водите кооперација, туку да водите држава“, пораа синдиклаците.
Тие се заканија дека доколку не се усвои одлуката за која гласаа, а тоа е минималната плата да изнесува 500 евра, тогаш ќе бараат сите функционери, кои според синдикатот се 1 080, да се стават на минималец.
Екипата на „Внимание“ ги праша граѓаните: „Од јуни лани до јануари, синдикалната кошница е зголемена за 3 илјади денари, а минималната плата ќе се зголеми за 1.800. Што мислите околу тоа?“.
Погледнете што ни одговорија
„Јас мислам дека ќе дојдеме до просјачки стап, затоа што 1.800 се ништо, исто како да не сме ги земале. Плус и тие 12 денари, како не им беше срам да ги спомнат“, „Платите треба да се зголемат“, „Па, не, не е пропорционално, да се зголемуваат и двете пропорционално, за да биде фер“, „Искрено, мислам дека е малце, треба повеќе да се зголеми платата“, „Дали е тоа доволно, веројатно, одговорот е НЕ“, „Очигледно постои некој несооднос…“, „Срамота, они да дигаат дневници, да патуваат, а народот да мизерува е срамота“, се само некои од одговорите на граѓаните.