„Внимание“: Што мислат граѓаните за победата на студентите во Србија и дали политичарите ќе ги слушнат младите?
По големата победа на студентите во Србија, во новата епизода на „Внимание“ ги прашавме граѓаните како младите успеаја да ги придобијат и оние генерации кои традиционално важат за силно гласачко тело.
„Вучиќ изгуби од луѓе што луѓе што буквално живеат на леб, паштета и кафе – тоа се студентите. Како успеаја студентите да го турнат ‘непобедливиот’?“, беше едно од прашањата.
Одговорите? Со слога, со упорност и со многу труд. Но дел од граѓаните порачаа и дека „тој беше предолго на власт и додава еден граѓанин“.
Ќе почнат ли политичарите да ги слушаат младите?
Ги прашавме граѓаните и дали случувањата во Србија конечно ќе ги натераат политичарите посериозно да го слушаат гласот на младите – или, пак, ќе се обидат да им се доближат само со отворање профили на TikTok.
Во новата епизода на „Внимание“ разговараме за тоа дали младите навистина можат да поттикнат политички промени и дали политичарите се подготвени да ги разберат нивните пораки.
А што ако младите ги преземат работите во свои раце?
За крај, поставивме и едно поинакво прашање: ако младите ги преземат работите во свои раце, што прво би им забраниле на политичарите постари од 50 години?
Од сериозни предлози до духовити одговори – граѓаните имаа што да кажат.
