Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните како го преживуваат скопското топло лето, и како се разладуваат – „По дома, најчесто под клима, и не искачам кога е топло“, „Со клима само… и во касните часови излагам“, „Јас би кажала сладолед и клима“, „Одмарам дома, под сенка, пијам ладно, и така“, „Па брат, дома, под клима, и ладен туш…“.
Ги прашавме граѓаните и „Дали ни треба повторно градска плажа, или ни треба можеби некое вештачко езеро, како на времето Скопје што ја имаше Треска?“ Најголем дел од граѓаните се за вештачко езеро: „Подобро да имаме вештачко езеро…“, „Може, со езерце подобро, ќе се изладиме подобро и немаме тука во близина езеро“, „А бе тоа езерцето убаво беше тогаш, меѓутоа го забаталија, иначе не беше лошо тоа“, „Мислам дека треба да се врати езерцето“, „Езерце ни треба, плажата не ни треба реално…. Треска дефинитивно“.
А еве што велат граѓаните на прашањето „Која летна храна ти е омилена на жешково?“ – „Гиро… многу сакам гиро“, „Како ја викаа струмичаниве, пипер и патлиџан – летна манџа“, „Сега моментално на топло, грчки јогурт, нема боље“, „Џелато“, „Сладолед“, „Можеби некое овошје, лубеница, кајсии…“, „Сладолед, нормално.“