Внимание: Дојдено ли е време за женска револуција?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните – Како да ги заштитиме жените од навредливи песни?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните – Како да ги заштитиме жените од навредливи песни? – „Па, да пробаме да правиме ненавредливи песни“, „Да се посветиме на тоа да не ги навредуваме жените, пошто стварно е без везе… и ги мразам песните со навредливи зборови“, „Првин сами треба да се заштитиме од навредливи песни, па некој да доаѓа да не заштитува нас…“, „Да им дозволиме да бидат грациозни во својот гнев“, „Зошто би пеел такво нешто, нема логика…“, „Најдобро е со културен народ…“.

А еве што мислат граѓаните за навредите од управата на „Вардар“ кон Каролина Гочева и кон сите жени: – „Сами се вреѓаат, не ја вреѓаат Каролина…“, „Одвратно…“, „Неоправдано… значи, штом може кон Каролина, може и кон сите, нели?“, „Грозни, глупи, идиотски, не ми се свиѓа ултрашка култура… најниско однесување, секаде во светот“, „Ги осудувам, искрено…“, „Таков ни е спортот, таков ни е народот…, тоа кажува до кое дереџе дојдовме“, „Мислам, живееме во свет на мизогинија и женомразие, за жал…“.

А еве што велат граѓаните на прашањето – Дали е дојдено време за женска револуција? – „Кога не било…“, „Да, каде што жената првин сама себе ќе се почитува…“, „Не, гледам дека жените се рамноправни како нас“, „Не, жените кај нас ги уживаат сите права“, „Дојдено е реално, не ми се допаѓа ова што се случува, ништо не ми се допаѓа“, „За женска револуција секојпат е време… многу ќутиме, треба малце да сме погласни“, „Дефинитивно, за да се променат некои работи“…
Прашавме и како би изгледала женска револуција: „Гневно, доста гневно…“, „Не знам како би изгледала женска револуција, би било убаво да се случи, ама…“, „Е, па ќе се соберат сите жени заедно, и во еден глас ќе зборуваат за правата кои што треба да ги добијат“, „Овде нема да се случи… пошто ние секогаш ќутиме, затоа не газат“, „Дојдено е време за женска револуција… револуција на грижа за општеството, апсолутно право на користење на индивидуалната слобода, постојан раст и развој“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс