Внимание: Дали младите можат да го сменат системот?

Во најновата анкета на „Внимание“, граѓаните ги прашуваме за протестите и промените во Македонија и на Балканот.

На прашањето „Дали младите можат да го сменат системот?“, граѓаните велат: „Можат, ако се упорни…“, „Да, прво треба да се фокусираат, да имаат волја за тоа“, „Искрено, сметам дека можат да сменат, но додека сите ние како поединци, стари и млади, не се промениме, не може ништо да се смени“.

Кога прашавме „Дали младите во Србија можат да го сменат системот?“, една скопјанка вели: „Искрено, сметам дека да, после протестиве луѓето се приклучуваат, гледаат дека младите тоа што го зборуваат држи вода… Подршката е од цел Балкан“.

На прашањето „Има ли нешто што ти дава надеж за нормален живот овде?“, граѓаните кажуваат: „Има нешто што уште тука ме држи, уште не сум одлучена да бегам во странство“, „младиве во последно време што протестираат, и што се трудат да направат било каква промена и да го вивнат својот глас, можеби тоа е некаква надеж“, „можеби баш тие млади, нашите деца, можеби баш тие ни даваат надеж дека ќе биде подобро“.

А еве што велат граѓаните на прашањето „Како да се избориме против врскаџиите, корумпираните и целиот трул систем?“ – „Па, мислам пак со протести… Сега системот работи за тие што си зимаат 100 илјад плата“, „да се дознае каква корупција владее во државата, и можеби тоа нешто ќе зачне“, „се додека не постои санкција, ние ќе имаме такви работи“, „Значи, само строго и закон, секој што прекршил закон, кривично и морално да одговара“, „Во системот мора да ги пронајдеме луѓето кои се некорумпирани, на одговорни позиции да ги ставиме, да се борат против корупцијата…“

Ако сакате да дознаете што велат граѓаните и на прашањето „Дали протестите можат да донесат позитивни промени на Балканот?“, погледнете ја најновата анкета на „Внимание“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни