Американските амбасади низ Блискиот Исток издадоа безбедносни предупредувања за американските граѓани поради можноста за „непредвидена ескалација“ на конфликтот во регионот. „Поради тензиите на Блискиот Исток, безбедносната ситуација останува сложена, со можност за непредвидена ескалација“, се наведува во предупредувањата на Стејт департментот на САД.
Во предупредувањата не е наведена конкретна закана, но американските граѓани се повикуваат да бидат особено внимателни и да ги следат најновите безбедносни информации. Стејт департментот предупредува и дека поради развојот на ситуацијата може да дојде до откажувања или промени во авионските летови, затворање на воздушниот простор и прекини во патувањата.
Предупредувањата биле издадени рано утринава по локално време, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.