Во Бугарија денеска се одржуваат нови парламентарни избори, кои се проследени со висока излезеност на гласачите.
Излезеноста на гласачите до 16 часот изнесува 34,63 проценти, соопшти на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија, Росица Матева. Највисока е во 23 изборна единица во Софија – 43,38 проценти, а најниска во Карџали – 23,34 проценти.
За споредба, на изборите за Народното собрание од 27 октомври 2024 година, излезеноста до 16 часот изнесувала 26,25 проценти.
Тоа значи дека до крајот на изборниот ден, излезеноста ќе биде далеку поголема отколку на изборите во 2024 година.
Прван Симеонов од агенцијата „Мјара“ истакна дека уште во попладневните часови било видливо дека правото на глас го искористиле за околу еден милион повеќе луѓе во споредба со истиот период на претходниот изборен циклус.
„Зборуваме за вистински бран кој е целосно видлив. Трендот на првопласираната партија оди нагоре, додека кај втората има одредено засилување. Се очекува голема изненадување во борбата за второто и третото место, каде се забележува дополнителна мобилизација на гласачите“, изјави Симеонов за медиумите.
Инаку, гласањето е веќе завршено во Австралија во шест избирачки места, а изборните записници се доставени до Централната изборна комисија. Завршено е и во Нов Зеланд во две избирачки места, како и во Јужна Кореја, Сингапур и Токио.